за (предл.) - трка (имн.)

Нулата навистина нема никаква вредност. Таа е само шуплив круг.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Е, таа беше добро подготвена за трката- живот Трајанка беше тракт, тег, потег, влечење на нештото напред, простирање по должина.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој за трки не е, покрај сиот копнеж, на кучешко влакно слепо ќе се сопне.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Откако заврши баењето, Матновидецот му препорача на Здравко да дојде уште на два исцелителни третмана и срцето ќе му биде здраво ко коњ за трки.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ама и јас имам коњ за трка!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За некои, се вели дека имаат нос за политика, други за трка со коњи, за фрлање камен од рамото, за многу пари, за дупки во законот, за преродба...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)