за (предл.) - учество (имн.)

Со мојата аверзија кон оружјето, но и кон убивањето на невините животни, јас бев навистина атипичен за средината во која требаше да се покаже комплетен капацитет и компетентност. Но не бев осамен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа беше како трајел испитување, оној збор, кој го користеа кај јавачите, трајел – испитување на коњот за учество во некоја голема трка, една врста подготовка.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И кога неколку месеци по државниот удар ми се јави лично шефот на дипломатскиот протокол, со известување дека се организира матанѕа, односно со барање за учество, јас морав да ја покажам својата неукост и да запрашам: - Проштевајте, рековте - матанѕа...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)