за (предл.) - чавка (имн.)

- Што, не се догледува лесно мојот имот? - Мало ти било лозјенцево. - Раѓа колку за чавките, не бој се.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога Марко и Едо влегоа внатре, од собичката во аголот излезе еден човек налик на плашило за чавки, целиот свиснат врз самиот себеси, со конзерва пиво во едната рака и со другата напикана во големиот џеб од елекот облечен на голо – слаб, со испиени образи како да гладува, подвиткан, со сипаничаво лице и ретка, права, немиена, пуштена руса коса што му паѓаше на сите страни на лицето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Остана само ова страшило за чавки. Ветер, ветер...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)