за (предл.) - чувар (имн.)

Го сметаше за чувар на куќата, присетувајќи се на верувањата на баба му Нача.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А сепак, Симон морал да знае дека брат му му ја дал онаа плата за чувар на трансформаторот. Тоа морало да го мачи.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Што работа ќе си гледа Симон? Тој беше наместен за чувар на трансформаторот што остана по создавањето на акумулацијата и кој ја напојуваше неговата куќа со струја и една куќа горе во Стрелеско.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)