за (предл.) - ѕидање (имн.)

Важно е, вели Максим, да не дознаат Грчиштата што сме се договориле, дека ако не ни стигне до напролет одобрение за ѕидање црква, сами ние ќе отидеме во Стамбол и ќе го молиме Султанот лично тој да ни издаде одобрение.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш Димитар Зојчев се насмеал, ја затворил тетратката, ја оставил на масата и станал: се прешетал низ канецларијата, потоа застанал пред Ристета, му ја ставил раката на рамо и му рекол: Во времето кô се ѕидаше црквата, во 1895 година, јас бев учител во Потковицата и го водев списокот на сите кои даваа пари за ѕидање на црквата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога ќе направеше поголем куп камења, застануваше да прави кал за ѕидање.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Потоа му вели на Васила Митрески Донеси четири помали камења и додека Васил оди да донесе камења, тој на другите, покажувајќи им ја тутурката, им вели Ова е планот на работите што сакаме да ги соѕидаме и вели Божем затоа досега не сме можеле да добиеме одобрение за ѕидање, оти не сме имале план.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Овој пак, Симиќ, ползувајќи се со довербата и закрилата негова, со сила и измами од имотските приходи и од луѓето успеал да изнуди пет илјади лири, божем за ѕидање на црквата, кои пари, пак, од изговор, им ги давал после на беговите со мамеле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Првин му беше наредено да каже кај ги сокрил парите што ги собрал божем за ѕидање црква; Кај мене се, бргу, рече: извади од пазувите едно кожено кесе и му го тутна в нозе на Ибрахим бег Јаузоски; Сите земи ги, бегу, викаше, само не оставај да ме понижат ајдутиве.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се наредува случајот претходно да биде испитан: ако старата црква навистина му припаѓала на споменатиот милет, ако во сето тоа не учествуваат и други милети, ако не се наоѓа во исламско маало или атар, ако земјата не е во состав на некој вакаф, и ако за ѕидањето нема никакви други пречки и ако молителите ги обезбедат потребните пари за ѕидање под услов да не бидат надминати споменатите димензии, да не се пречи ѕидањето на споменатата црква, туку да се задоволи молбата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)