за (предл.) - јаничарство (имн.)

Откако се раздели доцна во ноќта со Камилски, Татко продолжи да размислува за јаничарството поим институција во историјата на Балканот и на Европа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сакав да допишам свои страници во татковата историја за јаничарството, јаничаризмот или балканската и светската јаничарија, за да ја доразберам смислата на некогашната таткова потрага, проектирана во новите времиња.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Камилски, којшто во меѓусебниот договор беше задолжен да реферира за поимот курбан, откако го слушаше Татко како започна авторитетно да говори, веднаш се увери дека и за овој збор, како и за јаничарството, долго помеѓу нив ќе се кршат копја додека да се дојде до заеднички став.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Наместо да го елимираа зборот јаничарство и неговите најблиски деривации, каква што беше првичната замисла на Климент Камилски и Татко, тие сега можеа да состават мала енциклопедија за јаничарството во балканските јазици и пошироко во Европа и во светот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
При своето последно патување во Париз, купувајќи порачани и други книги за јаничарството за Татко, нему во еден музички магазин вниманието му го привлече една грамофонска плоча со композициите на Турскиот марш од Моцарт, финалето на славната IX симфонија на Бетовен, Воената симфонија број 10 од Хајден.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Секој си имаше свој правец во размислувањето за јаничарството од кој не сакаше да отстапи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)