за (предл.) - кај (предл.)

Крчо замина за кај вујка си, но зборовите на татка си пренесени од Ивана му останаа во умот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Отаде беа се упатиле право за кај нас да идат; летале, летале токмо 24 саати, дошле до една ада, та слегле на адата и се најале отаде жаби и друзи животинки.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И така џенгот се свршил и штрковите наттепале, та си отвориле пат и си се упатиле за кај нас.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Откога се починале и се понајале, си летнале пак и си дошле во тие земји кај што си имале седела, та секој си тргнал во својот вилает, а Силјан со Аџијата и друзи се упатиле за кај Прилеп.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– Колку е жал за кај што се родил човек“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Таа работа не е за кај нас, ми велат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)