за (предл.) - кон (предл.)

Откога се извишиле до облаци, беа му се пуштиле за кон кај нас да си идат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тие се патот на птиците за кон поилото жедта да си ја згаснат Но тие се и софра со лесен појадок по полноќно славје!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Нема пат за кон никаде. Кон никаде не водат патиштата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па после се рече да правиме пат за кон Боишта. Удрија барабанче низ селото, го свикаа народот и кажаа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)