за (предл.) - на (предл.)

По ручекот почина малку во двор, и тргна за на лозје.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Andre Lefevere изработи компилација со собрани изјави и документи кои ги следат трагите на етаблирањето на германската традиција на преведувањето, почнувајќи со Лутер па преку Готшид и Гете, до Шлегел и Шлајхермахер, за на крајот да заврши со Розенцвајг.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
ФРОСА: Вистина, вистина, останало од старите - адет кога излегува некој од куќи за на печалба да се стави софра. Велат за пак да си се врати на софрата — дома.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И којзнае дали требаше денес да ги скорнам воловите за на пасење.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сега срецелото се затвора и од горни крај но воедно се затвора и досегашниот пат за на гробишта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го облекол кожувот, ја зел секирата под кожув, го пикнал пиштолот в пазува, ги префрлил дисаѓите преку рамо, божем се токми за на пазар во Прилеп, и излегле со ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На, гледај...“ ги вади од долапот и ги фрла пред неа; прва фотографија: Профим со жена си Профимица; таа е со испупчен мев, трудна; крај нив се сите четири ќерки: Царјанка, Девица, Венера, Андромеда; облечени која како се нашла во моментот кога сликарот дошол; зад нив: плот со оретчени плотици на кои стојат наврени празни грнчиња, стомни, чупки; дрво што се превиткало и со едниот дел влегло во фотографијата; Профим со поднакривена шубара и исшилени мустаќи подвиткани нагоре; едната рака ја држи префрлена на рамото од Профимица, а со палецот од другата рака притиска на малото џепче од копоранот; Профимица е забрадена со шамија тргната над очите, како да се затскрива од сонцето или како да се срами; втора фотографија: Профим и Профимица, сами; Профимица е со доста потпорастен мев; фотографијата е направена одблизу како за на ѕид или надгробна плоча; жена му ги држи рацете скрстени на мевот, а тој ја држи под рака; зад нив се наѕира вратата на чија клучалка висат потки од дрен и кукурек и дел од детската глава нацртана со креда на вратата и чијашто уста е развлечена во смеење; трета фотографија: пак сите заедно, но сега Профимица ја држи во рацете долгоочекуваната принова на куќата - бепчето Скрче; се гледа: фотографот имал голема мака додека успеал да го фати овој момент кога бепчето ги отворило очите, при што насмевката на Профим, од долго местење и стоење, останала како сиросана, како скаменета; девојчињата од пресилно блескање на сонцето, замижале и изгледаат како да спијат! четврта фотографија: Скрче качен на коњ.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Му доцнам на големото, нервозно е, а јас мотам низ главата, како изгледа невработена со мобилен, па глумам глува и го муабетам пријателов, оти ми спомнува казна за на лице место, па како тој е всушност разбран, па како, не дај Боже, колегата од колата да излезе, двојно ќе ме кошта.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Одела, што одела гемијата по правио пат и по некој ден свртел еден противен ветар многу силен, та кога ја подбрал гемијата по морцката ширина, летала како некоја црпка по талазите што биле по море.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Дошле на Солун и влегле во една гемија, та се упатиле за на Божигроб.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Пиеја зашеќерено варено вино со цимет или со црн пипер што самите го правеа, јадеа домашни пити со праз или со изварка што ги замесила нечија баба, понекогаш некој ќе донесеше и лути домашни свински колбаси, мезеа руска салата од зимниците на нивните мајки и прво дискутираа со саати, за на крајот да завршат со свирка.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Што ќе правиш: женска сила за на носила. Фатен си, сакат си, нема бегање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ебати кожата за на тапан!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да е тука Лазор Ночески сигурно ќе рече: „Сега оставете го сонот настрана, за другпат и за на друго место.“
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Само мајка може да ме види гола, ќе вели жената, и само на судниот ден кога ќе ме капат за на гробишта, ќе вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Твојата глава не е за на две нозе, му велат. - Не уједај кад немаш зубе, вели Гојко. 185
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само што заборавивме на оние утрински извикувања за на делкање, за на млеко, за на нива.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Испустен човек: нема ни трпеза, ни нешто за на трпеза.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кревај, кревај, не се крева, тежината нејзина голема. Црева ќе ми искине. А женска сила за на носила.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
После правиме амајлии за на гуша. Збираме од трњето волна и ќе усучиме конче за околу вратот. За амајлиите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Оваа глава не е за на перница, вели, и после си реди, си зборува самиот, си прави разговор со себеси.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Христина и Томаица се чудеа што да облечат за на слава кај чичко им, па гласно се правеа договори за редослед на капење, се пеглаа облеки, се печеа пити, колачи, целата куќа мирисаше на цимет и каранфилче.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Само една птица не можеше да го одржува летот на јатото, за на крајот да остане на брегот, за да ги зајакне крилцата и повторно да полета кон своите, во далечна Турција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Едно парченце од коралот, малечка розова витка, како шеќерна пупка од ружа за на торта, се стркала по простирката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За оваа Таткова потрага и замисла, која логично можеше да се сети и за метафизичка илузија, Климент Камилски покажуваше големо разбирање уште од почетокот, за на крајот да стане и нејзин дискретен поборник.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така, префрлајќи се ја дочека зората и стана, се спреми за на работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Врви Богдан Шишев од Витолишча за на пазар во Прилеп, а Стале од под дабот му нарачува: — Пак, земи Боше, печес везаници кромид, лук, некоа ока киселина, шеќер, пипер, шајки, резиња, риби, маслинки...
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И, лебами, тројцата ергени ќе можат една сестра да довардат? — додаде Доста Макрева, заблазнувајќи ѝ на Рожденката и ветувајќи ѝ дека и таа ќе ги прати нејзините три девојчиња кога ќе пораснат за на школа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Често преслечен секоја недела, — изгледаше како да е секој ден спремен за на гости.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Неговото одолжување, небарање пари, неспремање за на пат, му падна в очи на манастирскиот настојател по чифличките работи од Зографскиот манастир и еден ден го запраша Сталета: — Белким сакаш, бре момче, да останеш овде на работа зимава?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури вчера старите се занимаваа со црква и причест, младите со готвење погачи, мазници, благи ракии и мезиња, денес уште од утринта секоја млада, секоја стара, ќе се токми, ќе се ружа, според возраста, за на сретсело.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нунката го испи кафето, истури еден кош благослови за детето, родителите и роднините и си отиде да го земе кај ручек време и нункото со подарокот за на крштевање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Изутрина, кога татко излегуваше за на дуќан, мајка му рече: „Денес, Јордане, порано дома врати се, зашто ќе дојдат нишан да разменат.“
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Планините на сабајле треба да се лижат штедро, скокотливо, одвнатре по преслапите, по пресеците, по вршниците дал-господ јазици и за на небо и за по земја и под, и над, и пред и по треба да се диши длабоко, однапред да се ублажи налетот на дневниот молк сѐ до следната средба со ноќната граматика.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Пред да ја обземе нагонот на патувањето, - продолжи Игор Лозински, - на патот кон обновата и смртта, јагулата има светло сребреникава боја, а во мигот на тргнувањето грбот ѝ станува темно зеленикав, речиси маслинест, за на крајот да стане црн, но сјаен, а од страните на мевот ја задржува светло сребренестата боја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во рафтовите имаше наредено селски шамии за жени, шамичиња за на појас, неколку низи монистра, пулејќи за шамии и друга стока за селаните и селанките.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
-Не, немаш право - му се здаде таа на другарот секретар - знаеш што ми рече мој Благоја кога тргна за на фронтот?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Младите штрчиња ги учеле да летаат нависоко и Аџијата беше распратил абер по сите страни да се чинат азар сите штркови, за на свети Панделимон да тргнат за на вилает; му стори абер и на Силјана за и тој да се стори азар.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Дошле на Солун и влегле во една гемија та се упатиле за на Божи гроб.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Се удрил со дуовникот и Силјан на пазар; вур, тут, беше ујдисале поштозашто и утрото тргнале по вилает да просат милостиње за на Божи гроб.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Рекламите насликани директно на ѕидовите „преземаат“ цели згради, се прошируваат и преку рабовите на зградите, за на крај да ја проголтаат целата зграда.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
44 Неодамнешните примери на големи проблеми со лица без државјанство ја вклучуваат Република Чешка, каде голем број луѓе, особено Роми, повеќето родени на словачка територија или потомци на лица родени во Словачка, беа практично лишени од чешко државјанство поради ограничувачката законска регулатива за државјанство и големите административни давачки по одделувањето од Словачка; Украина, кога по 1988 година околу 260.000 Татари кои биле депортирани за на ангажман на УНХЦР во проблемот на бездржавјанството беше ограничен, а во некои случаи и непостоечки“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
На градските улици, шарените, сјајни слики на насмеани лица и манекенки во бикини ветуваат задоволства на потрошувачката непопречени од реалностите на социјалната борба.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Ами Михајло? Тој не те клава на газот, ми вели, а ти го бараш за на чело.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А кога дојде генералот5 во Софија, вели, не знаевме кој побргу да се пријави за на Солун.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали за на кино, дали за на игранка...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За на фронт, за на колење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Накитени, небаре за на гробишта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите македонски војници што се вративме од Бугарија за на Солун, нѐ протераа на Срем.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зборот му е за на рана да го врзеш, што се вели, толку многу му се слуша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Влатко касна од колпитето , испи чај и стана да се приготви за на училиште.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Ти, мамо! Ти си специјалист за цвеќе. А Влатко ќе ми го предложи цртежот за на паното.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Две рала волови под јарем, коњ само за на свадби, за на панаѓури и за на пазар; седумдесет брави овци, четириесет брави кози, две крави молзници и двајца измеќари...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од земја ние имавме едни урупчиња по селото во кои садевме по некоја пиперка и по некој домат, трошка празе и граше и босилок и џинџуле колку да се најде за на мртовец и девојките да стават на плачките на благ ден.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)