за (предл.) - од (предл.)

Во Перт има еден Преспанец кој како и сите добри домаќини си направил куќа чардаклија за од чардак севезден да ги пули ѕвездите како низ трепети му испраќаат ишарети од родниот крај што само тој ги разбира.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Со џандари, со `ртки, со загари и со некои нашинци, лижнигазовци, оттаму, од Прилеп и од Битола, ќе клапнеа уште одвечер во населбата и ќе им заповедаа на редовниците да им приготват убави вечери - питулици, мазници, зелници, печени кокошки, пресни погачи, чомлеци и јании; откако ќе се накркаат, ќе се налокаат вино и ќе се акнеа да спијат во гостинските одаи, за таа цел, за нивното доаѓање, предвреме напрашени за од страна на болви, вошки и други инсекти.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Битолскиот Грчки владика Партение беше начул за скарувањето Максимово со битолските и прилепските првенци, како и околу што било скарувањето, па скротил план како да го добие Максима за себе за од него да добие согаласност тој да ги освети општината и училиштето и така да ги направи грчки, па почна во Потковицата да испраќа свои луѓе, некои битолски трговци гркомани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А наредниот ден, уште со темница, ќе се растрчаа по ридиштата низ шумата, во полето низ житјата, ливадите и бафчите, и ти цел ден има да си слушаш пукотници, ловџиски рогови, лавеж на `ртки и загари, а преквечер, пред зајдисонце, со полни ранци убиени диви животни и птици, преку рид се спуштаа кон старата железничка станица и оттука со воз си заминуваа, јали во Прилеп јали во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И плу, плу, ќе ме поплукаат за од зарек, за од лоши очи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За од гревот згора, што се вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не е за од човечка уста да излезе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си зел в раце едно дрво некастрено како за стап, раце да му се најде, за од лошо да се брани, и тргнал на угорното да оди.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
5. СЕ РАЗДЕНУВА И БЕЗ ПЕТЛИ ДА ПЕАТ - така што живеачката по својот пат си оди иако за од таков пат да ја скршнат неа врескаат кукуриговци на светските моди...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
И после мечкарите кубеа влакна од мечките и ги продаваа за од уроци, за од почудување.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кршиме гранчиња и ги запотнуваме никајците, ливадите, лозјата. За од глотеж, од плевел.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- И за од болви и за од вошки, велам, за да биде чиста земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му го давам јајцето и го молам - аман, заман, - да ми даде малку шеќер. Само едно грутче. Меѓу два прста да фати и да ми даде. - За лек, му велам, за од зарек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)