за (предл.) - земски (прид.)

Еразмо се кршеше некаде помеѓу желбата за земска храна, за удобност, за сладостраст и среброљубие – содржина на разјарениот бик кој требаше да се гони, да се вглави и здодевните разговори со сопственото живо битие што одвај преживува, полно со животен сјај во очите, со мрачнина и студенило во душата, со поглед насочен кон височините во потрага по вистинската желба за битисување.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
На Митровден таа година пак се собраа по еден од куќа во малото селце Бзовиќ и едногласно пак го избраа за земски коџобашија Димитрија Сатле од Сатока.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Почувствува дека е многу погладен за духовната отколку за земската храна.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)