за (предл.) - златен (прид.)

Заспивав. Чуј, ме тргна. Не оставај ме сега, те молам, не оставај ме. Јас не можам пак да те сонувам мртов. Кажувај ми за Конго и за златната врвица на антилопите.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Знае таа дека секоја година освојува прво место за златна „кутљача“ и сребрен медал за „медицинско особље“ по дома.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Исто така во тоа време, во учебната 1900/01 година, П.А.Лавров првпат го воведува македонскиот јазик како посебен курс на Петербуршкиот универзитет, а специјално за Мисиркова распишува конкурс за златен медал на тема „Народните песни на Македонските Словени како етнографски извор” (1901) што потоа ја брани како дипломска работа „Кон прашањето за народноста и причините за популарноста на македонскиот крал Марко” (1902).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За него работат и соланите низ цела Румелија, тарапаната за сечење сребрени аспри, тарапаната за златни дукати, сребрените рудници, оризиштата, трговските такси...“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)