за (предл.) - извршен (прид.)

На 13 мај 1942 година, овој весник известува за одржаниот судски процес во Скопје, од 27 април до 9 мај 1942 година, на кој им се судело на 45-те припадници на Првиот скопски партизански одред.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Кога странката ќе предложи изведување на докази должна е, по налог на судот, однапред да го положи износот потребен за намирување на трошоците што ќе настанат по повод изведувањето на докази.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Така на пример, најтиражниот американски весник „Њујорк тајмс“, на 9 мај 1942 година известува за извршениот атентат во Битола над Александар Ќурчиев, областен началник на бугарската државна безбедност, од страна на Стив Наумов.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ако тужителот не ја плати судската такса во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на тужбата, се смета дека тужбата е повлечена (чл. 146, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сонцето беше извишено далеку над планините кога Бахтијар-паша ја доби веста за извршениот трет напад од башибозуците и за нивните големи загуби.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Згора на сѐ, и записникот за извршената контрола, кој беше без печат и без деловоден број, имаше датум кој не одговара со критичниот датум кога се вршел утоварот; тужениот работода- вач не го пријави случајот во МВР како кражба, ниту пак поднесе било какво барање за утрврдување и надомест на материјална штета од избрканите работници – меѓу кои имаше и вработен кој порано, поради својата чесност и посветеност, беше и парично наградуван како најдобар работник во претпријатието.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
8.  Извршителот за преземање на извршените дејствија наплаќа награда и надоместок на трошоците според: 1) цена за администрирање; 2) цена на извршните дејствија и 3) награда на извршителот за извршените дејствија (чл. 2, ИТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
10 Во 1997 се укина одредувањето на рокот во кој работодавецот мора да го избере кандидатот/те за работното место и, уште поважно, се укина одредбата која пропишуваше дека известувањето за извршениот избор се доставува до сите кандидати – во рок од осум дена од денот на донесувањето на одлуката за избор (чл. 11, ЗРО/93).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)