за (предл.) - луд (прид.)

Градот е пекол, градот е студ градот е преплавен со разврат и блуд и секој чесен го сметаат за луд во градот е потребен страшниот суд Редици на шалтери, редици во банки редици во болници, редици во Бутел ефтина шминка на ефтини луѓе ефтин дух во градот прескап
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
„Соседите ме сметаат за луд.“ Браќата се намалија во својата покорност: „Но што ќе чиниме ние со коњот? Знаеш и сам, штала не наследивме.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Забите му пораснаа и ги расцепија стиснатите усни: „Пралуѓе, ако би пошол да ја барам својата смрт под една палма дали ќе ме сметате за луд?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Треската го мачеше, како крт му ги глодаше зглобовите, затоа се жештеше - „Не сум ни комформист, ни медиокрет, затоа ме сметаат за луд.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ме сметаше за луд; секој талент тие го сметаат за еден вид лудило.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој гледаше во мене воодушевено; очите му сјаеја како на младич; му реков дека ме става во многу неудобна ситуација, и дека, ако некој помине и види дека среде пладне му го покажувам стомакот на некој непознат маж, ќе ме прогласи за луда; му реков дека имам ќерка и дека годините не ми се за адолесцентни забави под некакво дрво, но тој не попушташе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Така, колебливо, мрсен Петко бидуваше де овој де оној додека најпосле со кикот не беше прифатен играта, а децата на полјанката под коријата изгледаа како од кошара побегнато улиште што нашло тука слободен простор за луда, невоздржана игра до наситување.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И понатаму, се прашува себе си дали е на земја, на небо, во пекол, дали бдее или спие, дали е разумен или луд.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Необичниот пар го сметаат за луд, а тие пак веруваат дека целиот свет откачил (“And here we wander in illusions”).
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)