за (предл.) - најдобар (прид.)

Некои луѓе, кои ја почувствувале неговата скапоцена грижа во пресудни мигови од нивните животи, астрофизичарот Паскали го сметаа за најдобар човек на планетата Земја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А Холивуд ни симна капа и нѐ номинира за Оскар за најдобар странски филм.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
- Награда “Златен прстен” за поетски опус, на “Феникс” и Фондацијата “Македонија презент” (2012).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Награда „Браќа Миладиновци“ на јубилејните 50-ти Струшките вечери на поезијата, за најдобра поетска книга објавена меѓу два поетски фестивала, за стихозбирката „Забранета книга“ (2011).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сите филмови без цензура и монтажа директно ќе влегуваат во конкуренција за најдобар во маало, во месна заедница, а најдобрите што ќе испливаат на површина како награда ќе добијат пофалница со повратница во спална, и гратис абортус, ако е трети во тековната година.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сто аспри за најдобар вол, педесет – за крава, триесет за магаре бараа стопаните, но ни толку немаше кој да даде, бидејќи имаше многу повеќе продавачи отколку купувачи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Оваа сочна козја ода беше номинирана за најдобар странски роман во Франција за 1997 година.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)