за (предл.) - ноќен (прид.)

Ќе се згмечам толку добро, како изџвакана мастика, залепена за ноќното масиче.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ја заклучува со катанец, ја пали со прекинувач за ноќна ламба.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Работодавачот кој редовно користи работници за ноќна работа е должен да ја извести инспекцијата на трудот (чл. 127, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Еднаш кога Капсула и јас се готвевме за ноќен лов, влезе некаков ѓавол во неговиот дедо - да оди и тој со нас.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ноќна работа се смета работењето во ноќно време, односно во периодот меѓу 22:00 часот и 6:00 часот наредниот ден.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)