за (предл.) - роден (прид.)

Потоа сепак стариот омекна, почна да ги распрашува за родното место, од кое беше излегол уште пред Балканските војни, за тоа од кое маало се и од која фамилија.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се разбира, она што го гледавме на француската телевизија кај сите нас предизвика асоцијации за родниот крај.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На другиот ден, рано утрината, заминав за родниот град, каде требаше да уредам некакво наследство.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Омразата и бесот што му ја завладеаја душата, му го истераа сонот и ја преплавија неговата слика за родната земја со безнадеж беа неговиот најголем пораз.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тој поослободено се вслуша во неговото збамборено раскажување за родниот Дубровник, и колку што тоа напредуваше, рибарот стануваше сѐ повеќе заинтересиран, небаре наскоро и самиот ќе отпатува таму со карванот на Марин Крусиќ.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Му ја изел тортата приготвена за родениот ден на инспекторката. Сега е без работа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
О, господе, можеби сега тие имаа други имиња, други знаци, можеби тие сега беа Унгарци, Руси, Полјаци, Французи, Чеси, Германци, им го кажувавме прекрасниот сон за родниот крај, каде беше тој, нели си спомнувавте, имаше еден рид, еден рид со сонце изутрина, па потоа една мала рекичка, оттаму реката пак се протегаше шума, една сребрена, една златна шума и небото над неа исто такво, нели...
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но ете, таа дојде кај нас, побара некоја неодредена и нејасна помош, го стори и тој чекор за кој неупатениот веројатно ќе помисли дека бил избрзан па дури и недоволно обмислен.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Значи, постоеја сите околности недоразбирањата да се изгладат и тоа без некои посериозни последици за Родна и за нејзиниот брак. Дури и без туѓо посредување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)