за (предл.) - среќен (прид.)

Бранчето на левото рамо уште ми дошепнува дека сака вардење од змијолики насмевки и од врели бакнежи за среќен роденден.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
И додека мажите пиеја ракија за среќното вселување која којзнае од каде ја изнесе тетка Перса, сандуците веќе беа покриени со шарени чергичиња и станаа природна целина со сите други нешта во одајчето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но приказната за среќната река не завршува тука, туку таа доби еден друг, неочекуван тек.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)