за (предл.) - љубовен (прид.)

Не изгледаше ниту шокиран, ниту пак си дозволи нападна интимност кога стана јасно дека Винстон ја бара собата за љубовни состаноци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не кажав за љубовната врска меѓу балерината Клавдија и пејачката Ники.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оваа приказна, значи, е претворена во продавница за љубовната напивка, но таа напивка, како и сите други магични напивки не е безопасна. * На ова место одеднаш прекинав со пишувањето, бидејќи во духот ми се јави кристално јасно прашање: – Зошто ја лажеш?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
1. Драги Аристин, Вие можеби имате раце и глас од коишто треперат женските уши, мустаќи кои ја разубавуваат вашата насмевка и насмевка која ги разубавува вашите мустаќи, но тоа нема да Ви помогне да станете јунак на оваа приказна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)