за (предл.) - долго (прил.)

Така се смири Потковицата. Но не за долго.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не за долго, четата со пленикот навлезе во Малешевската планина...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Којзнае колку горчливи кафиња испија со стариот бег, за да ги смират нервите.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Впрочем, да се идентификува BAD, да се биде секогаш на штрек, го овозможува задоволството човек да се чувствува жив во време кое „врие од разуздана празнина и ѓубре”. Fussell вели дека нештото кое очигледно е лошо не останува лошо за долго, бидејќи некој ќе се сети, и bad ќе се воздигне во BAD, ќе биде фалено насекаде како вредно, како посакувано.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но, не за долго. Ќе надвладее аветот на сталинизмот, пролетерскиот интернационализам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Најпрвин, не за долго, ги поздравуваше луѓето и прозборуваше со нив по некој збор за татковината или за земјите што само тој ги познаваше, сеедно каде, на Полуостровот или зад неизмерливите мориња, потоа се закопча некако однатре, стиснатите усни со повлечени краеви надолу можеа да му се отнат само со магија.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Како ќе го спасуваш ако е од нагаз или магија или ако некој дух го јавнал! Не, не ќе оди за долго, Аритоне Јаковлески.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Беше единствено сигурно дека јагулите низ реката сѐ уште слободно ја минуваа границата на нивниот долг пат до океанот и назад. Но, не за долго.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А сега да помислиме на војнава, вели, дали уште за долго ќе трае, вели, и одново го пали конецот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)