за (предл.) - нешто (прил.)

Митра и Доста уште во „Гошово" на жетвата се споречкаа. Неоти за нешто? Ете, јатрви како јатрви!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Често бидува Преспанецот да потпевне на чардакот некоја стара и мераклиска - не мора да е баш преспанска ама секако да е натопена со роднокрајна тага: од кога е ставена чатијата на куќата Преспанецот си ја есапи песната за барјак развеан на чардакот а самиот во себе си вели дека е барјактар не да речеш за фалби или за нешто друго, ами отшто секој барјак си има и свој барјактар.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Таа можеше подолго време да ја поднесе неговата молчаливост без да се почувствуваат напнати и потиштени, но сепак се чинеше дека тие го изменија своето однесување со некаков вид застрашувачки предзнак, еден вид на очекување дека нивната љубов, нивниот брак и бебето, кое беше на пат, не само што нема да се исполнат, туку дека тоа е само подготовка или вовед за нешто многу покобно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Глигор јасно ја претчувствуваше неговата желба да биде забележан и признаен за нешто повеќе и подруго.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А се случува и тоа родителот да нема пари за нешто многу важно да купи, да плати, а вие ако му побарате ќе ви ги даде, и на заем ќе земе, дете сте му, а вие ќе ги потрошите не водејќи сметка дека тие се попотребни за нешто друго, одошто за вашето одење в кино, одење во слаткарница, купување на некаква модерна кошула, маица и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тетка Рајна за целото тоа време се обидуваше да ме зазборува за нешто друго, да ми го одвлече вниманието, но гледаше дека не ѝ успева, па и таа замолче.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)