за (предл.) - никаде (прил.)

Па женцка глава сама не е за никаде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Многу страдам од нозете, а и бешиката ми е за никаде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А, за секоја евентуалија, за нечитачите, на тезгата ќе изложам грицкалици за нокти за нервозни гризачи, камен за распукани петици, жилети за очајници и фластери за оние што по сечење вени стануваат пишман, па, ако пишаниот збор случајно не им се допаѓа и оние од инспекторатот при министерствата за разни и безобразни, како и за сѐ и за ништо, може ќе бендисаат некое сино пенкалце или запалка со која ќе оди резервоар со плин за полнење за штедливи, со моето отпечатено име со златни букви на него, како кандидат за – ништо и за никаде!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Немерен ќотек јаде рајата за ништо, иако таа нам ни треба и без неа сме за никаде во најтешките и најгнасните работи. Ама, кој да го среди тоа?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Од друга страна, и долгата осаменост знаеше да се прелее преку глава, па така сосем вистински звучеа зборовите на дедо Иван - дека стар човек не е за никаде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Стар човек не е за ништо и за никаде! - имаше обичај да рече, кога изморен ќе седнеше негде да си почине.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И кај не ќе ти отиде умот тогаш?... За никаде бил човекот сам...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сам човек, како што се вели, за никаде е.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Со право се буни Панче Василевски. Клупата е за никаде.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Клупата е исечена, изделкана. Клупата е за никаде!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сакам да го прочитам, а не знам писмо. Слеп човек, за никаде не е.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А ако се доразболат овдека, ќе умрам од мака дека не сум отишла. За никаде не сум.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
тој распалил едно ситно: лиду, лиду, лиду, лиду, и ние играме, ама лабаво, ко кал за црепни да газиме, не ти носи душата да играш делнички и со пијани војници од таму си некаде, од мајчина им, не си за никаде, мочано време, и се нишаме небаре треската да не фатила, се правиме тресиопашки, скокаме наситно, а старшијата само ја ситни свирката и тогаш пукна пушка и старшијата ја олабави гајдата таа писна и занеме и во гробиштата влегоа други војници, кај ќе бараме и за овие кокошки, си велиме, и излезе еден поголем од старшијата, со едно кило петлици нареден, и вели: отечеството крвари, а вие играте, и колкумина имате српски војници, прашува, ами колку што забраа Србите, велиме, колку што им требале и броиме на прсти: Насте, Петко, Митре, избројавме дванаесет.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)