за (предл.) - потребно (прил.)

„И не помислив дека такво нешто ќе сториш, реков, но сепак, мило ми е дека самиот си го избрал правото решение“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој туѓинец не најде за потребно, барем од љубопитство, да се помести и да наѕирне што се случува зад него.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Костумот и не е толку битен“, најде за потребно да објасни, но прозвучи како да се извинува.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Ме збунивте. Помислив за момент дека јас сум тој што прашува а дека вие се служите со моите зборови“, најде за потребно да објасни.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Размислував и, еве, решив на овој начин да го искажам она што го сметав за потребно и кое веќе од подолгото време ме мачи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Многу работи ќе треба да се разјаснат пред да го сторам тоа!“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но покрај ова што ти го кажувам и што не може да се протолкува на повеќе начини, кажав и уште нешто за кое подоцна бев спремен да се посомневам дека ако не ги поттикнува намерите тогаш може да се сфати како подршка на неговата идеја, која за жал постоела.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)