за (предл.) - право (прил.)

За право, еднаш, јатрва ми, Уља, ми рече: - Дојди, сестрице, кај мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И Јон излезе од ’ржта, за право, ме послуша.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
2. кога се враќав од јапонија како да го видов змејот над сите змејови како лази по улиците околу станицата синџуку а што е за право ја видов и желката над сите желки како летнала та прелетнала на запаленото небо ај за змејови сме се изнаслушале и дома од приказните на дедо марко цепенков ама желки да летаат тоа беше малкуцка чудно и прв доказ дека јапонските желки не се бабускери ами створови кои со векови знаат да си ги негуваат светоста и мистичноста суштества кои под оклопите ладат векови па потем си се однесуваат како желки во студена вода желки севезден на работ на смрзнувачката желки бијатлонки и желки стиплчезерки желки без исклучок далдисани дека се ептен зенонки понекогаш филозофски превртени на грб
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
И сѐ така, некако го наговоривме. Дојде човекот. И убаво отпеа, за право. Јачи црквата, се нишаат иконите, свеќниците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За право повеќе ме драскаше, оти дланките му беа испукани, како кора од сув даб, ама тогаш му стануваа меки. Најмеките раце на светот стануваа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако е за право имав нешто начуено за него, ама на млади години ќе чуеш за многу.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да му даде за право што не сакаше да ѝ ја исполни најголемата желба во животот, да заминат во Цариград.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)