за (предл.) - сѐ (прил.)

За сѐ дознавав навреме, само се бев ослободил од излишностите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Наташа Му благодарам на татко ми кој беше со мене додека ја пишував оваа книга за да го прашам за сѐ што не можев да се сетам.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тие не создаваат никакви одрази на постоечкото, туку создаваат нацрти за сѐ уште неоствареното, „проекцираат алтернативни светови“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Причините за постојано присутната криза на слатка вода лежат во преголемото трошење на водата, за наводнување на огромни комплекси земјишта, за електро-енергетските централи и за сѐ појаката индустријализација, како и во нараснување на потрошувачката на вода за комуналната хигиена.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Им благодарам о, Боже, и на тревките и на ветровите и на дождовите и на изгревот и на залезите кои ми беа сведоци за сѐ.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
За сѐ се сеќаваше, за секоја подробност, ништо не беше заборавила.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Вечер или утре ќе ме распрашува за сѐ, а потоа ќе се фали пред сите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А ако сакаш, почуј, немој солзи да те душат! Ќе раскажам што знам за сѐ.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Американскиот професор по медиска екологија Neil Postman во познатата книга Amusing Ourselves to Deth (1985) загрижено говори за сѐ почестите обиди конечно и во образованието да воведат малку „аудиовизуелен нихилизам“, постмодерност, „прилагодување во корист на адолесцентските склоности“ (Finkielkraut).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Подискутабилна е Bloom- овата предложена терапија, што меѓу другото опфаќа читање на “класици” и слушање “класична” музика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тука можеме да се согласиме со Pascal Bruckner, којшто аргументирано (со набројување на големи историски грозотии, направени под маска на висока култивираност) го застапува мислењето дека врската меѓу културата и моралот никако не е сама по себе разбирлива, дека е илузорно развојот Margina #32-33 [1996] | okno.mk 101 на слободата да се условува со образованието и дека на пример читањето романи сѐ уште не нѐ прави потолерантни. 1 Finkielkraut спаѓа меѓу оние критичари на популарната култура (и како што му прилега на еден филозоф, критичар на духот на времето, воопшто), што нѐ восхитуваат со блескав, изострен стил и богата ерудиција (треба да се признае дека во тој поглед противниците на популарната култура честопати ги надминуваат поборниците), но и покрај тоа не можат сосема да нѐ убедат со своите судови. Finkielkraut се обраќа токму на оние што за мизерната состојба на современата културна, политичка и општествена сцена не наоѓаат убави зборови и при тоа никогаш не забораваат да го наведат единствениот виновник: популарната култура во сите појавни облици (би можеле да речеме дека тука се среќаваме со своевидна форма на нетолеранција!).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Секогаш можеш за сѐ да ме прашаш, добро?“ ѝ рече таа допирајќи ја по рамото. Таа потврди со главата и поцрвене.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А, за секоја евентуалија, за нечитачите, на тезгата ќе изложам грицкалици за нокти за нервозни гризачи, камен за распукани петици, жилети за очајници и фластери за оние што по сечење вени стануваат пишман, па, ако пишаниот збор случајно не им се допаѓа и оние од инспекторатот при министерствата за разни и безобразни, како и за сѐ и за ништо, може ќе бендисаат некое сино пенкалце или запалка со која ќе оди резервоар со плин за полнење за штедливи, со моето отпечатено име со златни букви на него, како кандидат за – ништо и за никаде!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Рамнодушен за сѐ околу себе, покорен и совладан, коњот тегне во својата запрега уште една судбина: бел, жолтоок пес, уличен мангуп, безопасен и зад решетки и на слобода.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Како да правам преврска за сѐ уште неповреден војник и чувствувам дека ми годи што му олеснува претходно, однапред. Нека страда.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Само знам дека е така, дека некаде преминувам мост во истиот миг (но не знам дали е истиот миг) во кој момчето на Ривасови го прифаќа чајот и си го мести најдобриот израз на кретен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Најголемите лежачи се газди и шефови. Сите ги бива за сѐ.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Влезе, поразговара и запиша во својот список едно име: Стојан Ванков, роден тогаш и тогаш, тоа и тоа, неженет и - доселен по војната од зад граница. „Благодарам“, рече кришум гледајќи кон касата, а тој, Ванков, имаше доверба во него и му говореше со асматично шушкање до душникот за сѐ - какви се цените на пазарот, кога бил најголемиот пожар во некој голем град, каква политика води Черчил.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Зборувај, раскажувај што и да било... За црни Арапи или за бели жерави. За сѐ што ќе ти текне.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Помага дедо Петре, за сѐ нешто треба машка рака, ама малкумина старци останати во селото, во себеси крепат сила.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ставен под опсада на бездушни крадци пијавици гладни и човекојадци мојата душа е ставена на мета во светот будалест неуморно прета Мојата душа претрпе стрес неправди безброј, понижувања, бес гази ја , ништи ја за сѐ што е крива еве ја тука повторно е жива Во душата моја се сееше чемер бескрајни лаги од секој лицемер мојата душа се навикна да трпи гази ја, ништи ја повторно се крпи Душата моја е жива и спортска трча на долга стаза маратонска неуморно скока на животна пречка гази ја, ништи ја ќе остане вечна
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
И се отвори небото како екстаза, луцидна за себе слепа за сѐ друго! Човек пред човека не се отвора на таков начин ни во исклучителните мигови на премин од еден во друг и излез вон себе.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Старецот се распрашуваше за сѐ, богословот расправаше за сѐ весело наслушнувајќи се самиот себе:војната има сто очи запалени, и сто 'рбети железни, и сто усти гладни и крвави, па оди како стоногалка на нас, а господ светот го заборавил, му завртел грб - црвчиња сте вие, пијаничиња, туѓи жени задевате. Па штом е така, удрете.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
БОРИС: Фала за сѐ. КИРИЛ: Не трескај. Во исти лајна сме. И ти би ми помогнал мене.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Прво да се распрашаме за него во селово и да разговараме за сѐ со комесарот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Чичко ми не бил суртук и празен шиник. Имал девојка во Ташкент. Затоа сѐ уште не е женет. Таа му пишувала за пиперките и за сѐ друго.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Да научиме да бидеме благодарни за сѐ, да го живееме животот со сензибилитет, со страст да љубиме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не би ја сменила мојата болка за лажна среќа, болеше, бев разочарана, плачев хистерично, чувствував неподнослив страв, беспомошно се обидував да го смирам скршеното срце, но смиреноста дојде насекаде околу мене, сега се е богатство од спомени, тоа сум јас денес.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
За сѐ нѐ излажаа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас му раскажав за сѐ. Не прескокнав ниту еден детаљ.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не дека не се прелажа многупати поради тоа, не дека вниманието што го покажуваше за сѐ не го плесна како шамар.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)