за (предл.) - таму (прил.)

Затоа, бугарските милиони за Македонија немаат поголемо значење од српските за таму.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нели правевме муабет и менаџерот рече дека му требаат девојки за таму.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Штом се раѓаме, патот веќе ни е определен за таму.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во секој случај сите погледи и перспективи завршуваат во магмата на релативизмот за таму потполно да ја изгубат принципиелноста на сопствената методологија и мотивирачка визура.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- Не, не. Тоа не е за таму. Тоа е за да го тутка машка рака...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
— Не, велам и јас, не сум за таму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Пријавете се во Црвениот крст, ми велат, ама и за таму е доцна. Море ампа, море рампа!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа трпеливо ги бараше во него сите оние места, низ кои што можеше да се вовлече и уште подлабоко да се протне, за таму во неговата срцевина да може да почне да се загнездува и да ги снесе тука своите змиини јајца на сомневањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа сосем малку им кажувала за таму.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
БАБА АНЧА: Е де. А пак јас ја имав намирисано работата и си реков со умов „ако не можеш за ваму, нека биде за таму“.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Го затекна невремето на пазарот: ни за ваму, ни за таму.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)