за (предл.) - САД (скр.)

Во такви услови печатот на САД ја презел на себе активната партиципација во анимирањето на јавноста околу потребата да се напушти изолационизмот и во алармирањето на опасноста од фашизмот не само за Европа туку и за САД, кои се чувствуваа сигурни зад океанот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
31. Матеј дома се подготвуваше за САД. Уште во октомври беше во контакт со болницата од Детроит, да ја заврши праксата таму, два месеци, еден месец на гастро (каква коинциденција), а еден на инфективно.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Надежта дека напредувањето на нацистичка Германија ќе биде сопрено на Балканот завршило со тотално фијаско и за САД и за Велика Британија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Пресудно во однос на промената на нивниот став бил поразот на Франција и евакуацијата на британските сили од Денкерк.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ниту една држава на Балканот не беше доволно важна за САД и не гледаа потреба да формираат таму своја амбасада или со неа да разменат амбасадори.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со тоа, балканските земји, кои беа окупирани, биле оставени сами на себе.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)