за (предл.) - и (чест.)

Сега знае дека Димостен ѝ има простено што не го дочекала во одајчето во Гаково, веројатно и се гордее што таа заедно со Танаско и Пена го вратија дедото Костадин при неговата Петра за и таа лесно да му се придружи за на тој свет.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тој миг всушност треба секогаш да биде во тебе, готов за целото време, да ги знаеш сите движења за него, изострен, постојан, но и скриен така за и самиот да не бидеш свесен за него. Затоа и се вика лов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Откога го доказа сето сторение негово, Силјан им се молил за и тие да му кажат од кај го познаваат и од кај го виделе, што му ги кажувале грешките како со очи да му ги гледале.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)