зад (предл.) - еден (зам.)

Јас бев зад еден проектор и ги поместував сликите наоколу.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ние бевме навистина посебни. Ептен посебни. Искрено.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ден потоа не можев да прозборам; два дена потоа се расплакав само поради тоа што сонцето замина зад еден облак; една недела потоа добив менструални болки, напнатост, осип и сѐ тоа три недели порано.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Зад еден збор е застаната целата природа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме кутна зад една грамада камења и ми ги турка панталоните.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се засолнал зад едни шипје и отаде ги видел луѓето.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Но сонцето, кое од небото гледаше што се случи со стариот даб, налутено рече: - Штом не сакаш да пееш и не ги почитуваш старите, не ти давам да им се радуваш на моите зраци! - и се скри зад еден облак.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Се подзакривам зад една ветка и почнувам да се крстам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)