зад (предл.) - баба (имн.)

Одејќи зад баба Петра Ѕвезда се приспомнува за сказните што баба ѝ ги кажуваше во зимските квечерини и долги ноќи до огништето. За зверушинките коишто меѓу себе се пазат и почитуваат.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Седната зад баба ми и дедо ми, за разлика од изразите на другите нивни фотографии, самите веќе завлезени во возраст што ја брише ведрината од насмевката, таа девојка со мазно, тркалезно лице од фотографијата, во нас гледа преку полуспуштените очни капаци со еден чуден, повлечен и скромен, а наедно бистар и настојчив поглед.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Грижите не ѝ дозволуваа да ја замајуват споредни мисли, снегот беше и тука пред влезот до колена, а дрвата добиени преку социјални грижи што останаа зад баба Петра беа крај оградата на фабриката, до самата куќичка на Мурџо.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)