зад (предл.) - врба (имн.)

Брзата струја го поземаше, го вртеше околу коренот на врбата, го пикаше во муљта долу, само не можеше да го излаже, тој ѝ ја дозволуваше на струјата таа игра само затоа што му беше убаво, оти му ги разбркуваше сите мисли од главата, остануваше само една: да не биде прелажан, навреме да насети кога таа сака сосема да го сплетка во жилите на врбата или муцката да му ја напика во тињата, ама тој тогаш со едно турнување со нозете и со едно замавнување со рацете како ѓуле излетуваше на плиткото веднаш зад врбата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Отец Висарион одеше напред и за ништо не се противеше. Ја прејдовме мртвицата и запревме во нивата зад врбите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се притаи тихо зад врбата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)