зад (предл.) - меѓа (имн.)

Копам така, наведната, а од зад меѓата слушам некој ми зборува. Ја кревам главата и гледам некој војник.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На враќање назад го заврза коњот за еден трн крај патот и, чурејќи со цигарата в уста, скршна од патот во мртвицата, за да се олесни зад меѓата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како да е тука зад меѓата, па јас веднаш ќе можам да му кажам. 97
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нас нѐ прелетуваат гаврани, гракаат и се губат зад меѓите, во сивилото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние гледаме по него. Сѐ дури не се изгуби зад меѓите, дури не се испразни патот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Одам по долината завлечен по облакот од дамнешниот чад над сниските покриви зад меѓите, зад грмојте, зад високите крошни на дабовите зад крушите што се сушат зад сливите што капат зад јаболката во кои пее есента та мириса сета долина на топли пазуви и тихи мусандри во оние стари градски куќи што се вишат во куќите изгубени во правта на калдрмата во куќите чии чардаци чии пармаци уште се свртени кон долинава во која бавно се враќам како во стара книга што постојано се превртува во дланките на осамата.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)