зад (предл.) - планина (имн.)

Си ветив дека од денес ќе внимавам: ништо нема да ме помести од местото додека и последниот зрак не згасне зад планините.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Се навалуваат на левото крило, свртуваат во полукруг, ја бијат Сува Гора и се губат зад планината Врба.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Можеби затоа што има нешто во мене што соодветсвува, зашто е тоа ем строга фигура, ем нескротена сосем, упатена со десниот врв кон нешто далечно напред, кон она што е таму на крајот, зад ридјата и зад планините, зад капците и доловите, во правецот во кој беше тргнало да ита и она дете со торбето на грбот, со русото перче и црвените обравчиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сонцето неверојатно брзо паѓаше зад планината, на Запад, накај Скопје; со секоја измината минута светлина стануваше поинаква; беше тоа светлина што гасне и поинаку ги обојуваше нештата од миг во миг.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дури кога со кожата од волчицата исполнета со слама тргнал од село до село да собира дарови, луѓето виделе со какво ѕвериште успеал да се пресмета Димитар Волчарот, па гласот за него се проширил и по селата зад планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но еве ти зајак еден, познат како Рокамболо.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Зад планина сончев пожар. Над реката самрак жеден.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Од кај исток се распука модрината на ноќта и небото прво зарудеа во црвени пламења, а после од некаде зад планината изрони и усвитеното коло на сонцето, кога бегалците избија на прашниот белузлав пат што се извиваше како змија по грбот на планината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Таму, горе, по белината на скаменетиот снег, по која што се распознаваа траговите од јазиците на ветерот, почнуваше да зацарува некое волшебно усвитување, и тој знаеше дека тоа го носи оној сега сосема неразбиен бран на виделината, што продолжуваше да надоаѓа од зад планините, додека во сенките под него сѐ уште лебдеше густата модрина на ноќта.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пред свечерување, може имаше едно два остени за да зајде сонцето зад планината, излеговме горе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Го гледав низ прозорецот од спалната сонцето што се креваше зад планината како пламен да излегува од земјата, како огромен вулкан да избил и тоа повторно ме возбудуваше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)