кај (предл.) - си (гл.)

— А бре ми, кај си, стопанка му, од кога не сме се виделе. Загинаме, без зрно барут.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Мори ајде, стара, кај си, госје ни донесе господ, отварај, барај вечера — ѓоамити ѝ се врекна стариот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кај си, бре“, вели, „што не излезеш?“ „Зошто да излезам?“ му велам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога Кате и Боге ги доглодаа ѓевреците, и нивното пајтонче дооде исцицувајќи ја последната капка бензин и довлечкувајќи го продупениот олук на ауспухот, Богевци со торбите се втурнаа во станот и веднаш викнаа по децата: - Јано, мајке, кај си?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Јане, сине, кај си? Во станот никој не се одзва, можеби затоа што паѓаше самрак.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ново утро. Убавино кај си, во овој доцен час.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
- Ехеееја, полека! - му свика овчарот. - Кај си залетал со рачката?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Кај си, бре Трајче? Од кога те бараме?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кај си бе, брат?“ ме пресече ко со нож машкиот тенор и ме закопа во асфалтот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)