кај (предл.) - секој (зам.)

Навлегувајќи од душа во душа на тие што ги лекувам, кај секој забележувам некој посебен црв што ги јаде, некоја посебна шурка, браздичка, што ги носи по својот тек, и која треба, или да се доотвори - за да бликне и да спласне, или сосем да се дозатвори.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се чинеше како надворешноста да ѝ е одраз на нејзината внатрешност, како што е тоа случај со сета природа во која надворешниот белег произлегува од внатрешниот: и кај цвеќињата, и кај билките, и кај дрвјата, и кај секое растение; па дури и кај каменот: надворешниот изглед му произлегува од внатрешниот; внатрешната сила му ја определува надворешноста.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Така и Луција: таа беше таен и непознат запис за мене, затоа што јас бев незрел како маж; Луција, исто така, беше сосема свесна за тоа дека е пред мене; нејзиното тело, како што минуваа годините, ги добиваше формите на страста што подоцна секој макар и малку искусен маж ги препознава дури и под маската на облеката, кај секоја жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Главниот услов за културна работа не е полната политичка слобода, а моралната воспитаност на народот и на неговата интелигенција, сознавањето на моралниот долг пред народот кај секој член на тој народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Учителот не ги распушташе, туку наставата ја држеше по куќи: одеше кај секој ученик дома и му покажуваше што треба да научи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бидејќи разликите се релациски, по признавањето на феминистичкото стојалиште, станува можно да се помести вниманието врз разликата за да се покријат разликите меѓу жените и второ разликите кај секоја жена, т.е. расцепената природа на субјектот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Но, дури во октомври 2009, со четвртата измена на ЗРО (2005), се поправи и дефицитноста на одредба којашто ќе регулира скратеното работно време во посебни услови, со тоа што се воведе нов посебен член за оваа ситуација (чл. 8, ЗИДЗРО/окт.09); в) со ЗРО (2005) се воведе должност за електронско евидентирање на полното работно време и на прекувремената работа, кај секој работодавач кој има над 25 вработени и кај кого процесот на работата се врши на една локација (чл. 116, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)