кај (предл.) - Турчин (имн.)

— Бре, бре, бре! Уште ова не беше се чуло: рисјанец да дигне рака на Турчин! — се чудеа полјаните по тие села. Но насекаде таа постапка предизвика чудење и некаква кураж кај христијаните, а извесен трепет и гроза кај Турците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сандри размислуваше пред него, занесено: „Што велиш, пак да му појдам? Сега без тебе. Како Турчин кај Турчин.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ама тогаш стариот Пајко, татко му, рече задумано: „Кај Турцине, гробиштата немаат име, нели попе?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тука сака најголема послушност.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас му служа на селото кај Турците, ќе му служа и кај Организациата, ама едно да знајте: Кај Турците ве брана колку шо можа, со јадење, со пиење, со придавачки, рушвети, со маривети и лаги, само и само да не паднете во беља.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Угода голема ми направи, голем ќејф, ама да ти кажам, кај рисјаните е поинаку, а кај Турците треба да се знае коранот.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)