кај (предл.) - власт (имн.)

Ами тие, Хаџи Ташку и дружината, вели Никола, може рекле кај властите за тепачката, може нѐ наклеветиле дека први ние сме почнале.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Хаџи Ташку не моли само кај властите за да го заштитат од смрт од нас, тој и нѐ клевети и потплаќа злоден против нас.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нормално, никој не се јави; тој го зеде листот, го искина на милијарда ситни парчиња, пепел го стори, и јас знаев, по тој гест, кој кај власта е многу чест, дека работите не се чисти.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но уште тогаш се зачна сомнежот кај власта и партијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)