кај (предл.) - воденица (имн.)

И војводата го пречекува кај воденицине Чатлакови. Го зема на пушка и му излегува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И кога свртеле на џаде, кај воденицине Чатлакови, ме здогледале мене кај што копам пченка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тврдеа дека ова семејство долго сновело над местото каде што се креваше тополата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако побараше Даскалов да му објаснам што толку ме привлекува кај воденицине можев да бидам и многу поопширен а веројатно и појасен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Морам да признаам дека непријатно ме зажежа приказната на работниците; онаа од пролетва, за семејството штрци кога пристигнало кај воденициве.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе му речев дека одамна ги знам тие воденици и дека многу го сакав животот во нив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)