кај (предл.) - овца (имн.)

Се качи горе, ја зеде вилата и преку еден отвор, специјално направен, почна да фрла сено долу кај овците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Кај овците! - им свика на кучињата, мавајќи ги со грутки снег, па кога тие со подвиткани опашки, секако навредени од неразбирливата постапка на нивниот млад стопан, се спуштија кон плевната, Бојан ја затвори вратата од колибата и седна да прави вечера.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бојан влезе кај овците, набрзина разгледувајќи ги оние што лежеа, барајќи некое ново јагне, иако не го очекуваше, па откако не пронајде новоојагнето, истрча во тремот и ја зграпчи лопатата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Жалам, другар и другарке. Гозбата е завршена. Ајде кај овците! - им подвикна на кучињата, а тие, не баш настроени, се упатија кон плевната, кон своето стражарско место.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)