кај (предл.) - поп (имн.)

Се готват, азар се чинат. Ги гледам, одат кај поп Гаврила на причесна...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Секој си мисли: „Со ред сум земал, со ред и да вратам“.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Не знаеше Петре за одењето на жена му кај попот Никола и за прокудата што таа му ја токмеше, ама стравот од такво нешто никогаш сосем не исчезна: цело време тој само го туркаше надолу, му го пикаше перчето под вода, ама тој сепак одново земаше воздух и живуркаше небаре секаква ава му одговара.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
РИСТАЌИ: Има една поговорка; „Него в село не го оставаат да влезе, а тој се смушнал кај попот дома и ја бара поповата ќерка“.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Крсте остана да бере дрва со Кулета кој продолжи да служи кај попот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ојдов кај попот в џеб, си ,бав мајката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)