кај (предл.) - султан (имн.)

Кога ме фалел кај султанот, Беадин-паша му кажал и за ова и кога неговото величество ме прими кај него, ме праша и за тие работи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Влегувањето кај султанот беше голема церемонија.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во времето кога бил во ауденција кај султанот, Никола Поцо полека веќе се подготвувал за враќање во Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас го молев да ми договори ауденција кај султанот, како мухтар и како човек што ја штити државата, но и Маказар и целиот крај, зашто имаше неправди спрема рисјаните и за да има мир и слога, треба за сите да биде добро и според законите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Останаа поп Јаков со дружината во затворот од тврдината да чека со што казна ќе ги накажат аџиите и забитот, ако навистина не ги пратат кај султанот да им суди лично тој, како што им ветуваше аџи Јане кога ги наговоруваше да се предадат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ме пофалил кај султанот еднаш или двапати, пак сетне ми закажа и аудиенција, оти многу го молев.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)