кон (предл.) - втор (бр.)

Немањето на таа доблест бара многу труд и умостегање, за да се привлече вниманието кон втората вредност.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Според Симеонов (и Силјанов), Орце, откако го запалил долгиот фитил, избегал од бакалницата и истрчал кон вториот кат на Банката, каде што живееле директорот со своето семејство, за да го предупреди веднаш да ја напушти зградата, бидејќи таа по пет минути ќе биде дигната во воздух.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Никогаш не сум биле во ситуација да припаѓам кон втората категорија. 21 февруари Утрово, татко ти, сосема обично, ми кажа дека сум згрешила во датата на твојот роденден: - „Зарем не се сеќаваш дека е роден во есен, кон крајот на септември“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Затоа и неговото соблекување гол на неколку протестни акции (Los von Loos, Pintorarium) треба да се гледа како негов обид, со провокативното покажување на својата прва кожа, всушност, да го насочи вниманието на публиката кон втората и третата, на погубните механизми на модата и стерилноста на архитектурата.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ова природно води кон втората точка која сакам да ја покренам, и која се однесува на резултатот од прашањето за степенот на неопределеност кој може да се јави во правилата кои се конститутивни за значењето без да биде загрозено заедничкото разбирање на изразите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
По прашањето за народноста на Македонците Србите пред Македонците се придржуваа кон втората од споменатите две теории, т.е. дека Македонците се Срби, и токму затоа кај нив се добија спротивни резултати.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но како што исто така одбележавме, разбирањето на правилото не е толку „инфинитарна” работа, и оттаму, интенционалистичкото гледиште не имплицира платонизам.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Гледате, сеќавањата не веднаш се приспособуваат кон втората претстава.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)