кон (предл.) - оној (зам.)

Имаше кучешка муцка која се обидуваше да се насмее, но никогаш не го правеше тоа, задржувајќи ги кисело развлечените усни како оптегнат ластик подготвен во секој миг да се ослободи од стрелата свртена кон оној што беше пред него.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тие занишаа со главите намуртено и погледнаа кон оној што на раката и рамењата носеше некакви знаци.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Беше убедена дека, преку читањето на книгите, ќе го открие тесниот премин за кој веруваше дека води од овој кон оној свет.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во пазарните утра, кога некој селанец ќе му се обратеше некому со прашање кај може да купи лек за своето болно дете, тој го испраќаше на сосем друга страна, кон оној крај што нема аптеки а отаде друг еснаф го испраќаше кон стариот град што се давеше во штавени кожи и лој.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)