кон (предл.) - внатрешност (имн.)

ИЛИЈА: (завртен со главата кон внатрешноста на одајчето пее): Зора се зори, мила моја, сонцето изгрева, Петлите пеат, мила моја, мене ме разбудуват.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
„... Јас очекував да ме покани да седнеме, но таа намами кон внатрешноста на собата, се сврте кон мене, ми се загледа право в очи и, приближувајќи ми се подадено,очигледно охрабрувајќи ме, се почувствував толку слободен што ја потфатив со двете раце околу слабините, а таа, за возврат, ми ги фрли своите две раце на рамената.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мачнината на божемнот грев, за кој немаше вина, а ни самиот не беше сигурен дали е грев или не, го убеди во можноста на успехот во долго подгтвуваниот чекор кон внатрешноста.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Од секаде се слушаше мајчиниот јазик и тоа создаваше домашна атмосфера во експресот, како тој да ги сечеше австриските Алпи и широките рамници посеани со фабрики од Салцбруг кон внатрешноста на Германија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Двајца силни, крупни болничари дотрчаа и ја одвлечкаа кон внатрешноста на зградата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)