кон (предл.) - гостин (имн.)

Се завртува ли со тилот кон гостите и се наведува ли да ги наполни чашките од ѓумот, кошулата ѝ се крева и над аловите чорапи и се прогледуваат белите жили под колена. А Бојана отиде уште подалеку: нарочно го разлабави гушалчето и под гушниче ѝ се прогледаа краиштата на градникот, па се прави да не сеќава.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ти, Трајко, држи а пушката и пукај ако мрдне некој, a јас ќе вида кој има пусат — му рече на Трајка, а кон гостите еден по еден: — Ајде, вадете пишчолите ако сакате да и дочувате главите!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Насмеано, дотерувајќи го чаршафот на масата во знак на внимание кон гостинот, му рече: „Вие сте јабанџија! Досега не сум ве видела?...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јован се здрви на место кога ги виде оѕверените лица на двајцата џинови, но пак го зеде на шега, па проговори: — Ајде, ајде, повелете да се напиеме, та оставете а шаката! — и се заврте кон гостите, кои, тукушто се прибраа од песната и свирката и почнаа да гледаат што се прави на чардакот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Домаќинката, откако ја искажа својата љубезност кон гостинот, се готвеше да стане да свари кафе, а на двајцата колеги и пријатели не им беше тешко да навлезат во пријателски разговор и не забележаа кога кучето, речиси прикрадувајќи се, почна да се приближува кон гостинот полека влечкајќи се на задните нозе и истовремено оближувајќи се и одвај чујно потквичнувајќи.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога му се приближи на половина метар, позиционирано некако отстрана, одеднаш и понатаму не тргајќи го погледот од него, како да се трудеше да има некој сервилен однос кон гостинот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во раскажувањето и однесувањето кон гостите госпоѓа Мариела беше внимателна: се држеше понастрана од можноста да остави впечаток на отменост која, во суштина, и не беше својствена на нејзината природа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Келнерчето послуша со очигледен израз на одбивност кон гостинот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)