кон (предл.) - дол (имн.)

Како никогаш пред тоа говорел брзо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа, не распрашувајќи се, ги ослободиле шиите на воловите од животинските окови и ги потерале кон долот покриен со повеќебојно зеленило на грчави дрвца и секакви грмушки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И се смириле до безгласност зашто Арсо и Цветко прераскажале дека виделе на пат осуммина под пушки и со секакви ножови и кубури во појасите, бездруго арамии или платеници на бегот воденичар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Засолнете се и не пукајте со забуцан нос в земја, гневно викал Арсо Арнаутче. - Лозане, бегај со девојката кон долон.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Легни, викнал со очајнички страв во срцето. - Слушаш, легни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Водата се оддалечила доста, заслегував малку надолу и десно кон долот, а сетне пак почнав да се искачувам малку нагоре по падината што паѓа откај Гупеш.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Ослободете го добитокот од јарем и потерајте го кон долон.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)