кон (предл.) - другар (имн.)

Му стапнав со коленото на плеќите и свикав кон другарите: - Сега!
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Немтурот збунето се врти кон другарот - овој собира од длабоките џебови ситен тутун и го разретчува на дланка; и не го гледа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ајде да слезиме до кладенчето, да видиме што прават момчињата и да го дочекаме Крстета, ако не и Толета", — предложи Петре и тргнаа кон другарите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)