кон (предл.) - зграда (имн.)

Ги влечкаше нозете низ песокот, кон зградата каде што беше сместена канцеларијата на дежурниот, чувствувајќи како сонцето пробива низ облогата на шлемот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Без да погледне во таблата на железната порта, Грдан влезе низ неа и се упати право кон зградата, не обрнувајќи внимание на децата што трчаа по издишената топка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се доближи до своето биро и онака од простум почна да ги прередува хартиите, книгите, впивачот, мастилницата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се упати кон зградата на митрополијата.  Градоначалникот седна на столицата што владиката му ја доближи и брзо му ја прераскажа средбата со Беренц.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Наеднаш од зад дрвјата излегоа двајца болничари облечени во бели мантили и го зграпчија Богдана за раменици тргајќи го по патеката кон зградата на чиј што влез пишуваше: ”Душевна болница”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Го фатив првиот автобус за Градот, а потоа трчајќи се упатив кон зградата.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
„И темнината е еколошки проблем, нели тато?“ запраша Влатко додека се движеа од автобуската постојка кон зградата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)