кон (предл.) - карпа (имн.)

Од близината на таа доба тој речиси поттрчнуваше, сега, додека се прибираше кон карпите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Вљубени во бреговите и плажите, ртовите и гребените, карпите, полуостровите и линиите на брегот, тргнавме последниот ден од рамазанот, откако успеав да го совладам егзотичниот менувач на реното, низ буганвилии и низ заслепувачката сончева светлина источно од Тангер кон карпите на ртот Спартел, кадешто Гибралтарскиот теснец се сретнува со Атлантскиот океан, а од таму покрај брегот кон југ низ со риба богатиот Асилах до од пат тргнатиот крајбрежен парк наречен Дипломатска шума, кадешто застанавме за да пливаме.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Белките му се огромни бидејќи додека потклекнува очите му се свртени кон карпите што се надвеснати над неговата глава.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ристе притрчува и се обидува да прекине еден од каишите што му ги стегаат напрегнатите вратни жили.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)