кон (предл.) - кујна (имн.)

Само црцорот на птиците потсетуваше на другите обични денови. – Ова не ќе е на арно! – промрморе мајка ми и се упати кон кујната во дворот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Само момент, веднаш се враќам” - конечно вели, ги навлекува папучите и се клацка кон кујната.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Од Серовски го зедов најновиот Шприц и се упатив кон кујната.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Грдан ја зеде кутијата со маслинки и појде кон кујната во нишата, а Горда му грабна една со два прста и ја лапна како цреша, па си ја прибра чашката в скут, се истегна на столот и си ги крена нозете на масичето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И додека тие избезумено се повлекуваат кон кујната, почнувам да викам, да се дерам: - Бронтопс! Бронтопс! Бронтопс!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Трчаш како без глава кон кујната и за неколку минути сркаш од топлата манџа, сркаш, та ушите ти пукаат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
(Излегуваат кон клозетот и ја оставаат вратата отворена. По малку, се враќа Фезлиев. Оди кон кујната.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ФЕЗЛИЕВ: (Кој сето време го слушаше расправањето на Методи отсутно, станува и трга кон кујната.) Јас ќе излезам... в кујна.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
НЕДА: (Се враќа, го зема кафето. Излегува, но вратата кон кујната останува отворена.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Влегува Неда. Таа се обѕрнува околу себе, наслушува, потоа оди кон кујната, проверува низ пукнатината од вратата што прави Фезлиев и дури по сето тоа се упатува кон вратата од собата каде што е Иван.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
НЕДА: (Тргнува кон кујната.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: (Уште додека Фезлиев ги зборува последните реченици, излегува кон кујната и токму со последниот збор на Фезлиев се враќа со шише во раката. Го остава, со удир по масата, пред Фезлиев.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
НЕДА: Не, не, не сум. (Трга кон кујната.) МИЛКА: Кафево...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Треба да се најде нешто за каснување. (Станува. Трга кон кујната.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Јас не те пратив кај неа... (Покажува со глава кон кујната каде што се наоѓа Неда.) ... јас не те пратив кај неа да изигруваш некаков сентиментален глупак, туку да ја направиш зависна од нас и од нашето молчење. И не играј си со главата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: (Им се доближува. Со едно грубо движење, ја откинува Неда од Ивана и ја бутурисува кон кујната.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Појде кон кујната да подготви чај и донесе од вчера испечените колачи за нас децата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но откако таа им рече на здравје и побрза кон кујната, Камилски не знаеше како да го изрази своето задоволство, велејќи му на Татко: Ова не е само празник за очите, за душата туку и за срцето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако Татко му насипа на Камилски ракија во чашката, а себеси мастика, рече: Така требаше и да биде!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Марија не одговори веднаш. Стана и тргна кон кујната.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ги забораваа границите, беа доверливи и толерантни кон разликите во јазикот, кон кујната, обичаите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Баба му пак отиде кон кујната, но како нешто да се досети, се врати.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Сега веднаш ќе ти стоплам млеко, - рече таа и се упати кон кујната.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- Чекај само да дојадам, - рече Бистра и тргна кон кујната.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Тоа цедевита е? - собрав сила да речам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тргнав кон кујната за да го почестам сок, кога пак некој чукна на вратата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„За тројца ке сварам, татко“, побрза кон кујната мама Злата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Се разбира – срипа радосно таа и се упати кон кујната.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Колку ве сакам! – викна неочекувано брат ми. – Колку се радувам што се вратив!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)